во ,

Торнадото „Клаудија“ ја „избриша“ Португалија: Тројца мртви, десетици повредени

Најмалку три лица загинаа, а повеќе десетици беа повредени во Португалија во налет на торнадото Клаудија, соопштија синоќа португалските власти.

Португалија и делови од соседна Шпанија се соочија со повеќедневни екстремни временски неприлики предизвикани од бурата Клаудија, која овој викенд стигна и до делови од Британија и Ирска, пренесува Ројтерс.

Повеќе од само торнадо – брачен пар се удави во сон

Португалските спасувачи во четвртокот ги пронајдоа телата на постар брачен пар во нивната поплавена куќа во Фернао Феру, недалеку од Лисабон. Се смета дека брачниот пар спиел во моментот кога поплавниот бран стигнал до нивната куќа и тие не успеале да се спасат.

Во саботата, торнадо го погоди градот Албуфеира на југот на Португалија. Регионалниот командант на цивилната заштита потврди дека животот го загубила 85-годишна Британка, а 28 лица биле повредени во блискиот хотел.

Портокалов аларм во Португалија, поплави во Велика Британија

Португалската цивилна заштита денеска издаде портокалово предупредување за повеќе окрузи, вклучувајќи ги Брага, Фаро и Лисабон. Во меѓувреме, силни поплави вчера го погодија и градот Монмут во Велс (Велика Британија), а во Англија се активни над 180 предупредувања за поплави.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕТИОПИЈА ЈА ПОТВРДИ ПРВАТА ЕПИДЕМИЈА НА МАРБУРГ: 9 заразени, меѓу нив и здравствени работници!

ЕДИНСТВЕНИОТ РЕЦЕПТ ШТО ВИ ТРЕБА: Старински уштипци од нашите баби, меки како душа!