во

ТРАГЕДИЈА КОЈА ЈА ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Први кадри од местото во Словенија каде живот го загубија баба и две македонски дечиња!

Објавени се први потресни снимки од местото на тешката сообраќајна несреќа во Словенија во која животот го загубија тројца македонски државјани – две деца на возраст од 4 и 11 години и нивната 74-годишна баба.

Трагедијата длабоко го потресе македонското село Житинени во Општина Центар Жупа, откаде што потекнува семејството кое живеело и работело во италијанскиот град Равена. Според полициските извештаи, во моментот на несреќата во автомобилот се наоѓале пет члена, а возилото со голема брзина удрило во задниот дел од приколка на камион кој поради дефект бил запрен во лентата за принудно запирање на автопатот А1 во близина на Унец.

Супер Попуст -25%

Борба за животите на родителите и полициска истрага

Бабата и двете деца починале на самото место од силината на ударот. Триесет и тригодишната мајка со тешки телесни повреди била итно пренесена со медицински хеликоптер во болница, додека 39-годишниот татко бил префрлен со возило на Итната медицинска помош, додека возачот на камионот не бил во кабината и минал без повреди.

„Словенечките надлежни служби продолжуваат со интензивна истрага на терен за целосно утврдување на сите околности кои доведоа до оваа незапаметена семејна трагедија.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Успешни акции на службите: Дури 25 пожари се целосно изгаснати за изминатото деноноќие ширум земјата.

ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД ВЛЕН: Величањето на воени злосторници е неприфатливо, се бара итна институционална одговорност!