во

Тревога во западните разузнавачки служби: Рускиот сателит „Спутник-С“ би можел да ги парализира GPS, комуникациите и струјата на Земјата

Западните разузнавачки служби проценуваат дека Русија планира уште оваа година да лансира сателит со нуклеарно оружје во вселената, чие активирање во орбитата би можело да уништи огромен број сателити и да предизвика катастрофални последици на Земјата, открива истражувањето на германските медиуми WDR, NDR и „Süddeutsche Zeitung“.

Сателитот „Спутник-С“ подготвен за лансирање, Москва отфрла

Според информациите до кои дошле германските новинари, а ги пренесе „Tagesschau“, западните служби – вклучително и германската Федерална разузнавачка служба (BND) – собрале докази дека сателитот со наводно име „Спутник-С“ е завршен уште пред неколку години и се чува во пошироката област на Москва. Разузнавачките предупредувања од почетокот на ноември укажуваат дека тој би можел да биде лансиран во рок од 60 дена и набргу потоа да стане оперативен, додека Вселенската команда на германската војска проценува дека лансирањето е можно уште во декември.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Германското Министерство за одбрана одбило да ги коментира наводите повикувајќи се на доверливост, а Руската амбасада ги отфрли обвинувањата како неосновани и дел од пропагандна кампања, нагласувајќи дека руските вселенски активности се исклучиво мирољубиви. Истовремено, западните служби со години го следат и сателитот „Космос-2553“, лансиран во февруари 2022 година, за кој се сомневаат дека служел за тестирање на издржливоста на сателитите на интензивно зрачење.

Предупредувања од САД: Една третина од сателитите би откажале веднаш

Уште во октомври, американската воено-разузнавачка агенција (DIA) процени дека Русија развива сателит наменет за носење нуклеарно оружје, што би претставувало директно кршење на Договорот за вселената од 1967 година, со кој се забранува поставување оружје за масовно уништување во орбитата. Од DIA предупредуваат дека откако таков сателит ќе стигне во орбитата, можностите за негово запирање би биле многу ограничени.

Командантот на Вселенската команда на САД, Стивен Вајтинг, процени дека нуклеарна експлозија во орбитата би можела да предизвика дефекти кај околу една третина од сателитите во ниската орбита уште во првите часови или денови, а во наредните месеци да престанат да функционираат и преостанатите. Опасностите се познати уште од американскиот тест „Starfish Prime“ во 1962 година на височина од 400 километри над Тихиот Океан, кој го нарушил осветлувањето и телекомуникациите на Хаваи – но денес околу Земјата кружат над десет илјади активни сателити.

Без GPS, банкарски трансакции и дел од електричната мрежа

Германскиот генерал-мајор Армин Флајшман предупредува дека нуклеарна детонација во вселената би создала облак од остатоци и моќен електромагнетен импулс со огромни последици врз секојдневниот живот – вклучувајќи прекини во снабдувањето со електрична енергија и колапс на GPS навигацијата, телекомуникациите и банкарските трансакции. Ваквиот удар сериозно би ги попречил и западните воени операции, кои се значително позависни од сателити отколку руската војска, поради што се смета дека Москва би можела да стекне краткорочна воена предност. Како можен одговор, Флајшман го посочува развојот на капацитети за онеспособување непријателски сателити или скапа дополнителна заштита на постојните системи.

Активирањето на нуклеарно оружје во орбитата би можело да уништи или оштети голем број сателити, што би довело до катастрофални последици за цивилниот живот, електроенергетската мрежа и воените операции на Земјата, предупредуваат западните безбедносни и разузнавачки кругови.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трамп бара „Nvidia“ да го врати на работа сменетиот директор Џенсен Хуанг, управата одбива

Нафтата поевтинува на светските берзи, но Европа е загрижена: Дизелот останува речиси двојно поскап отколку на почетокот на годината