во ,

Ударна вест: Грција спушти рампа на 48 часа! „Евзони“ и „Меџитлија“ целосно блокирани

ГРЦИЈА Е БЛОКИРАНА: „Евзони“ и „Меџитлија“ затворени 48 часа – ако патувате, одете само преку Дојран!

Кошмарот за патниците и транспортерите стана реалност. Грчките земјоделци го остварија предупредувањето и започнаа масовна 48-часовна блокада која ја отсече Македонија од јужниот сосед.

Распоред на блокадите (8 и 9 јануари)

  • ГП Меџитлија (Ники): Блокадата започна во 10:00 часот (македонско време). Затворено е за камиони, автомобили и автобуси. Најавено е дека земјоделците можеби ќе пуштаат возила периодично, но ризикот од чекање е огромен.
  • ГП Богородица (Евзони): Од 11:00 часот (12:00 по грчко) стартува целосна блокада за сите видови возила (влез и излез). Тракторите се веќе паркирани и преминот е непробоен.

Единствен спас: Дојран

Супер Попуст -25%

Ако морате да патувате кон или од Грција, единствената опција во моментов е граничниот премин Стар Дојран, каде што нема поставени блокади и сообраќајот се одвива непречено.

Грција поделена на два дела

Дури и да влезете преку Дојран, движењето низ Грција е пекол. Земјоделците го блокираа автопатот Солун-Атина, како и клучниот автопат „Егнатија“. Земјата е буквално поделена на два дела и патувањето од север кон југ е речиси невозможно.

Властите се закануваат со апсења

Грчката влада активираше „План Б“. Обвинителот на Врховниот суд испрати наредба до полицијата да интервенира и да пишува казни, па дури и да апси, доколку се загрозува безбедноста на сообраќајот. Сепак, земјоделците ги одбија владините мерки (поевтина струја и даночни олеснувања) и радикално продолжуваат со протестот.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Путин трие раце, НАТО се распаѓа“: Хаосот со Гренланд е подарок за Русија

Кризна состојба на Западот: 100 лица евакуирани во Кичево, сместени во спортска сала