
Живот на работ: Секое петто лице во Македонија е сиромашно
Државниот завод за статистика објави загрижувачки податоци – стапката на сиромаштија во земјава за 2024 година изнесува 21,9%. Пресметките покажуваат дека за едно четиричлено семејство (двајца возрасни и две деца) да не се смета за сиромашно, мора да располага со месечен буџет од најмалку 31.200 денари. За самци, овој праг е многу понизок, но финансискиот притисок врз домаќинствата останува висок.
Најпогодени се самохраните родители и многудетните семејства
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден
Најранлива категорија се самохраните родители, каде стапката на сиромаштија достигнува алармантни 45,8%. Веднаш зад нив се семејствата со тројца или повеќе деца, каде повеќе од половина (54,8%) живеат под прагот на сиромаштија. Статистиката открива и феномен на „сиромашни вработени“ – 7,9% од луѓето кои одат на работа сепак не можат да ги покријат основните животни трошоци над дефинираниот праг.
Јаз во општеството: Децата страдаат повеќе од пензионерите
Додека кај пензионерите сиромаштијата изнесува 12%, кај децата и младите до 17 години таа е значително повисока – 29,5%. Нееднаквоста во распределбата на приходите (Џини коефициентот) изнесува 29,1%, што укажува на сериозен социјален јаз во македонското општество.


