во ,

„ХАОС НА БАЛКАНОТ“: Русија тврди дека спречила киднапирање на МиГ-31 што требало да биде соборен над НАТО-база!

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) тврди дека спречила операција на украинската воена разузнавачка служба, помогната од британски оперативци, која имала за цел киднапирање на руски ловец МиГ-31 вооружен со хиперсонична ракета „Кинжал“.

Според податоците на руската служба, Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина се обидела да регрутира руски пилоти, ветувајќи им три милиони долари за да го киднапираат рускиот авион, пренесува ТАСС.

Повеќе од само киднапирање – планот бил соборување над НАТО-база

Украинците, според тврдењата на ФСБ, потоа планирале да го насочат киднапираниот МиГ-31 кон подрачјето на НАТО-базата во Констанца, Романија. Таму, планот бил авионот да биде соборен од системи за противвоздушна одбрана, со што би се создала провокација од големи размери и потенцијален хаос во регионот.

Руската разузнавачка служба соопштила дека „преземените мерки ги спречиле плановите на украинската и британската разузнавачка служба да организираат провокација од големи размери“.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ, ЕВРОПА ОДГОВАРА „НЕМА ШАНСИ!“: Каква зима нè чека?

„Голема колку багет“, а ќе ја штити Европа од Путин: Дали е „Марк 1“ решението за дроновите?