
Вознемирувачките снимки од местото на настанот, направени од самите ученици додека нападот сè уште траел, го прикажуваат вистинскиот хорор. На видеата се гледаат деца кои во паника лежат на подот и се обидуваат да се сокријат под клупите, како и ученици кои преплашени истрчуваат од училиштето. Набргу потоа се слушаат истрели, а на терасата на последниот кат се забележува лице за кое се верува дека е напаѓачот. Според наводите на интернет, осомничениот е идентификуван како Наел Џалани.
Пиштол внесен директно во училницата
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
Градоначалникот на Замбоанга, Кимер Адан Оласо, потврди за локалните медиуми дека ученикот успеал непречено да внесе пиштол калибар .45 во училишниот објект. Според неговите информации, првата мета на напаѓачот бил наставникот кој во тој момент седел на катедрата.
„Откако го промашил наставникот, осомничениот преминал во друга училница и пукал во ученик, кој подоцна им подлегнал на повредите“, изјави градоначалникот Оласо.
На интернет се појави и снимка за која се тврди дека самиот напаѓач ја пренесувал во живо. На неа се гледа цевката од пиштолот додека тој се движи низ училишниот ходник, по што се слушаат смртоносните истрели.
🚨BREAKING: At least 2 killed after shooter livestreams attack at #Ateneo de Zamboanga University in #Philippines
🇵🇭Local media identify him as Nael Jalani. Seeing reports that multiple people have been killed in the shooting.#breaking #viral #furry #shooting pic.twitter.com/Cu99a4WKtF
— pradhyumn sharma (@pradhyu78651514) August 18, 2026
Втора престрелка во училиште за само два месеца
Овој инцидент предизвика огромен шок, особено бидејќи престрелката во Замбоанга се случува само два месеца по уште еден крвав вооружен напад во училиште на Филипините.
- Во средното училиште во градот Таклобан, во централниот дел на земјата, неодамна беа убиени тројца ученици, а уште 20 лица беа повредени.
- За тој напад беа осомничени двајца тинејџери, а за едниот од нив било наведено дека редовно играл исклучително насилна онлајн игра.
Најновиот напад повторно ја отвори дебатата за безбедноста во образовните институции на Филипините, додека снимките од хаосот и паниката сведочат за траумата која ја преживеале учениците.


