во ,

ХОРОР ЗАД ОГЛЕДАЛОТО: Осети промаја, па откри цел трособен стан скриен во ѕидот!

Кога Саманта Хартшо од Њујорк решила да ја истражи причината за постојаната промаја во нејзината бања, очекувала пукнатина во ѕидот, но она што го открила е далеку поневеројатно.

Во виралното видео на ТикТок, таа го покажа моментот кога го симнала огледалото од ѕидот и здогледала голем отвор кој водел во темен простор. Наместо да побегне, храбрата Саманта, опремена со импровизирана ламба на челото, маска и чекан, решила да влезе и да истражи.

„Влегуваш во друга димензија“ – сцени како од филмот „Паразит“

Нејзиниот цимер ја споредил ситуацијата со сцените од филмот „Паразит“, каде семејството открива таен бункер. Саманта набрзо сфатила дека се наоѓа во напуштен трособен стан! Таа таму затекнала стар тоалет, расфрлани црни ќеси и празно шише вода, што ја уплашило дека можеби некој престојува таму.

Повеќе од само шуплина – мистерија и за станоиздавачите

Откако се вратила во својот стан, таа го блокирала отворот и најавила „интересен разговор“ со станоиздавачот. Дури и управата на зградата била затечена од нејзиното откритие. Станот изгледал како да бил во процес на реновирање или одамна напуштен, без када и со искорнат под. „Мислам дека секој во Њујорк живее во толку мал простор што сите потајно се надеваат дека ќе откријат уште некоја соба“, се пошегувала таа.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СКАНДАЛ НА ПАРАДА: Полицајка прегази деца со мотор, па направи нешто што ги згрози сите! (ВИДЕО)

Скандал со пензиите: 12.000 пензионери во странство дискриминирани, државата им должи по 2.500 денари!