
Младата музичка ѕвезда Теа Таировиќ приреди незаборавно шоу пред повеќе од 6.500 фанови во преполната Хала Чаир во Ниш! Билетите за овој спектакл се распродадоа само 10 дена по нивното пуштање во продажба, покажувајќи колкава е популарноста на пејачката.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Теа се погрижи да приреди ноќ за паметење, а атмосферата кулминираше кога го исполни својот најголем хит „Хајде“, песна која многумина ја преименуваа во „Нека ноќва гори Балканот“ поради текстот.
Облечена во златен костим со реси, Теа танцуваше како никогаш досега, маѓепсувајќи ја публиката која ја награди со гласни аплаузи и вриштеше во еуфорија. Делови од настапот можете да ги погледнете во видеото подолу!


