
Под влијание на циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, во нашата Република Македонија продолжува периодот на многу променливо време со температури над просекот за овој период од годината.
Причината за невообичаено топлото време е силното јужно и југозападно струење кое носи топол воздух. Сепак, ова време ќе биде проследено и со повремени локални врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во понеделник и во вторник (27 и 28 октомври), кога локално ќе има и појава на грмежи.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен и од југозападен правец, кој локално ќе достигнува брзина и до 80 км/час. Слично време се очекува и во Скопје и околината, со пообилни врнежи во понеделник и вторник и силен јужен ветер.
Потоп од вторник: следува драстична промена на времето
Температурите ќе останат натпросечно високи до понеделник (27 октомври), но потоа следува позначително заладување. Од вторник (28 октомври) очекуваме продор на ладен воздух од север, кој ќе донесе засилен северен ветер, а на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег.
Апел до граѓаните поради силниот ветер
„Поради очекуваниот силен ветер во нашата Македонија, ги советувам граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно во случај на појава на силен ветер истите да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои што се стари и осамени“, апелира метеорологот Славчо Попоски.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден








