
Според официјалните информации од црногорското Министерство за внатрешни работи, во Херцег Нови најкритично е над Ѓеновиќи, на потегот од Бијела до Зеленика. Истовремено, пожарот повторно се активирал и над Драгаљ, во соседната општина Котор.
Се бранат цркви и трафостаници во Улцињ
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Ситуацијата е алармантна и во Улцињ, каде што се активни пожарите во Владимир, Клезна, Гача, Зогање, Бриска Гора и Дарза. Пожарникарите на овие локации вложуваат надчовечки напори за да ја заштитат локалната трафостаница, како и една црква.
Огнени жаришта има и во Бар, каде што горат локациите Голото Брдо и Лисин, но според надлежните тие засега не претставуваат директна опасност. Во Никшиќ, пак, активни се пожарите во Кусиди и Стрмина.
Армијата и авијацијата на помош
Во гаснењето на пожарите ширум Црна Гора, на исцрпените пожарникари им помагаат специјализирани авиони на Министерството за внатрешни работи, како и хеликоптер на Армијата на Црна Гора.
„Во Херцег Нови моментално се ангажирани 73 пожарникари со 20 возила, додека во Никшиќ се ангажирани 50 пожарникари со 10 противпожарни возила. Во Улцињ, пак, се ангажирани 14 припадници на војската со две теренски возила и три противпожарни камиони.“


