
Балканската дива Светлана Цеца Ражнатовиќ на 5 октомври, одржа спектакуларен настап во Сава Центар, каде забавата беше загарантирана со нејзините најголеми хитови.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Публиката уживаше во секој момент од настапот, а она што особено привлече внимание е нејзиниот брутален стајлинг кој не можеше да помине незабележано.
Цеца се појави во долг црвен фустан со шлиц до колкот, кој ги истакна нејзините витки нозе. Горниот дел од фустанот беше обликуван како крој на корсет, со голи рамена, длабоко деколте и долги ракави, што дополнително ја истакна нејзината привлечност. Сето тоа го комплетираше со беж потпетици, додека косата ја навлече во високо опавче.
@ceca_press 📍CECA je sinoć održala nastup na VIP događaju u Sava Centru! ❤️ #Ceca #SavaCentar #Beograd #VIP #CecaRažnatović
Многу обожаватели се на мислење дека ова е едно од најдобрите изданија на Цеси до сега, а нејзиниот настап сигурно ќе остане запаметен.


