во ,

Ја претвори трагедијата во уметност, сега носи дијамант од два карати во окото

Откако го изгубил видот на десното око поради тешка болест, сопственикот на златара од Алабама, Слејтер Џонс, се одлучил на несекојдневен потег.

Својата мака ја претворил во уметничко дело – вградувајќи вистински дијамант во вештачкото око!

За сите храбри борци

„Нова светлина во животот“

Џонс, млад претприемач и дизајнер на накит, сега го носи она што се смета за „најскапото вештачко око на светот“, пренесува Oddity Central. Во срцето на оваа уникатна протеза се наоѓа дијамант од два карати, кој блескаво ја рефлектира светлината и веднаш привлекува внимание.

„Го изгубив окото, но тоа ми донесе нова светлина во животот“, изјавил Џонс, нагласувајќи дека неговата протеза не е само медицинско помагало, туку и уметнички израз на личниот идентитет. „Дијамантот направи моето око да стане многу повеќе од обична протеза – стана уметничко дело“, додал тој.

@jonesjewelryco

This is my other prosthetic eye! Made by @John Imm . . . . . . . . . . . . . #jewelry #fashion #diamonds #_jonesjewelryco_ #trendingpost #trendingreels #viralreel #customjewelry #eye #diamond #diamondeye #ocularist

♬ original sound – JonesJewelry&Co

Привлекува огромно внимание

За уникатната протеза е заслужен Џон Лим, кој зад себе има над 10.000 изработени протези за пациенти. Сепак, како што вели, ниедна од нив не била толку вредна кога станува збор за материјалите. „Ова е најскапото вештачко око што некогаш сум го направил“, рекол Лим.

Откако Џонс првпат го покажал своето дијамантско око на социјалните мрежи, пред неколку месеци, тој привлекува огромно внимание.

Ризик од грабеж?

Додека едни му честитаат на креативноста и храброста, други се прашуваат колку е безбедно да се носи скапоцен камен во сопственото лице. „Зарем не треба да бидеш претпазлив секогаш кога ќе излезеш надвор?“, прашал еден корисник, изразувајќи страв дека Џонс би можел да стане мета на ограбувачи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Скутер паркиран на врв од мост, пожарникарите го симнуваа три часа

Објавен ценовникот за најлудата ноќ, еве колку ќе чини да ви пее Лукас