во ,

Јужна Африка се правдa пред САД: Не сме анти-американски настроени!

Јужна Африка не е анти-американски настроена и останува посветена на преговорите за трговски договор со Соединетите Американски Држави.

Ова за новинската агенција Ројтерс го изјавил портпаролот на министерот за трговија на оваа земја. Реакцијата доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување на дополнителни царини од 10 отсто. Царините би биле за земјите кои се членки на групата БРИКС.

Трамп денеска изјави дека на земјите кои ќе се придружат на, како што ја нарече, „анти-американската политика“ на БРИКС, ќе им биде воведена дополнителна царина. „На секоја земја што ќе се придружи на анти-американската политика на БРИКС ќе ѝ биде наплатена дополнителна царина од 10 отсто,“ порача Трамп.

„Нема да има исклучоци од оваа политика. Ви благодарам на вниманието посветено на ова прашање,“ додаде тој на социјалната мрежа „Truth Social“. Сепак, тој не појасни што точно се подразбира под „анти-американска политика“, пренесе Ројтерс.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Министерот за европски прашања во Париз: Дали Франција ќе ги поддржи македонските реформи на патот кон ЕУ?

Драма во Медитеранот: Грчките служби спасија над 1.000 бегалци за 24 часа