Жена со автомобил „Peugeot“ предизвикала несекојдневна сообраќајна несреќа кога со возило влетала во излог од продавница во Бања Лука.
Немало повредени, но направена е голема материјална штета на возилото и во објектот. Девојката возејќи го автомобилот излегла од кружниот тек и во тој момент ја загубила контролата над возилото и влетала во излогот.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Полицијата раскажала дека жената возела во кружниот тек и за време на излегувањето од него ѝ се заглавила штиклата.
Во тој момент возилото нагло се забрзало и таа се исплашила. Кога видела дека на тротоарот нема пешаци свртела десно.
Таа избегнала „Golf“, кој бил паркиран на тротоарот и потоа се удрила во стаклен излог. Од јачината на ударот, половина возило завршило во продавницата во која е направена голема штета, како и на нејзиниот автомобил. Во продавницата имало само работник кој не е повреден.


