во

ОСТРИ КРИТИКИ ОД СДСМ: Мицкоски договорил дата-центри „под радарот“, граѓаните не знаат со кого прави дилови!

Опозициската СДСМ излезе со остри обвинувања дека премиерот Христијан Мицкоски веќе договорил дата-центри „под радарот“ со неколку инвеститори, додека целокупниот процес се одвива скришно од македонската јавност.

Реакцијата доаѓа откако Мицкоски изјави дека не се откажува од проектите за изградба на дата-центри, споменувајќи пет-шест потенцијални инвеститори и најавувајќи нивна сигурна реализација. Од СДСМ поставуваат прашање на кого му се поклонуваат македонските ресурси – водата, земјата и струјата – предупредувајќи дека граѓаните ќе се соочат со повисоки сметки, недостаток на вода за земјоделците и корист само за приватни компаниски профити.

Барање за итна транспарентност и идентитет на инвеститорите

Супер Попуст -25%

Во партиското соопштение се нагласува дека дата-центрите не претставуваат вистински технолошки напредок за земјата, туку хардвер за туѓи интереси кој ги исцрпува домашните капацитети. Опозицијата бара итна и целосна транспарентност од власта, инсистирајќи јавноста да дознае кои се инвеститорите со кои премиерот преговара и какви конкретни придобивки ќе има државата.

„Секогаш кога Мицкоски договара и разговара, граѓаните ништо не знаат; инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите да се ставаат во функција на туѓи профити.“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ОСТРА РЕАКЦИЈА ОД ВЛЕН: Величањето на воени злосторници е неприфатливо, се бара итна институционална одговорност!

ИСТОРИСКИ ПОТЕГ НА БЕЛИОТ ДОМ: Трамп ја потпиша извршната наредба за отворање на првата Американска вселенска академија!