во ,

Австралијан опен го поместува распоредот поради жештините во Мелбурн

Организаторите на Австралијан опен соопштија дека поради најавени екстремни жештини во Мелбурн ќе се помести распоредот и мечевите во сабота, 24 јануари, ќе почнат порано.

Зошто се менува програмата

За сабота се најавува температура близу 40 степени, па турнирот го адаптира почетокот на натпреварите за да се намали ризикот од топлотен стрес кај играчите, персоналот и публиката.

Нови термини за почеток

Супер Попуст -25%

Натпреварите на главните арени – „Род Лејвер арената“, „Маргарет Корт арената“ и „Џон Кејн арената“ – ќе стартуваат во 10:30. На останатите терени играта ќе почне во 10:00, а вратите на комплексот ќе бидат отворени од 09:00.

Апел до навивачите

Од турнирот препорачуваат посетителите да дојдат навреме, да носат капи/шешири и да внесуваат доволно вода, поради очекуваните високи температури.

Што со мечот на Ѓоковиќ

Во соопштението се наведува дека, барем засега, измената не би требало да влијае врз почетниот термин на мечот на Новак Ѓоковиќ против Ботик ван де Зандшулп.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Планетарен Шок: Белата Куќа Објави Дека САД Официјално Ја Напуштиле СЗО

Собранието Одлучува За „Сејф Сити“: Камерите Од Опомени Преминуваат На Казни