
Правда на пауза: Судиите не знаеле да образложат кој е виновен
Врховниот суд донесе одлука која повторно ги отвора длабоките рани од 13 февруари 2019 година. Наместо конечна разрешница, највисокиот суд ја урна пресудата на Апелација со шокантно образложение – судиите не дале доволно јасно и прецизно објаснување за индивидуалната кривична одговорност на секој од шестемина осудени.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Врховните судии не тврдат дека обвинетите се невини, туку дека нивните колеги од пониските судови едноставно не си ја завршиле работата како што налага законот. Според Врховен, во пресудите само се прераскажувале доказите, без воопшто да се објасни логичната и причинско-последичната врска меѓу дејствијата на обвинетите и самиот трагичен настан.
Технички неисправен автобус, а возач без траги на кочење
Она што особено боде очи во одлуката на Врховниот суд е острата критика за вештачењата. Имено, Апелација не успеала прецизно да поврзе колкаво влијание имала техничката неисправност на „автобусот на смртта“ на „Дурмо турс“, наспроти постапките на самиот возачот.
„Зошто немало траги од сопирање на местото на несреќата? Колкава е вината на возачот, а колкава на неисправните сопирачки? Врховниот суд смета дека овие клучни прашања останале неодговорени во второстепената пресуда, додека барањата за супервештачење на здравствената состојба на возачот биле целосно маргинализирани.“
Да потсетиме, Основниот кривичен суд првично изрече вкупно 39 години затвор за шестемина обвинети, а Апелациониот суд подоцна ги зголеми казните на вкупно 53 години. Но, со овој најнов правен маневар, целиот предмет се враќа назад во Апелација. Судиите сега ќе мораат одново да ги разгледуваат жалбите и детално да го „цртаат“ она што пропуштиле да го објаснат. Во меѓувреме, правдата за 16-те згаснати животи и десетиците повредени останува заглавена во бескрајните судски лавиринти.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








