
Контролата на активностите на локалните самоуправи веќе е завршена. Според информациите, посебно внимание е насочено кон подрачјата долж текот на реката Вардар и Повардарието, каде што ризикот е значително зголемен поради веќе регистрираните случаи на заразата во соседна Грција.
Различна ажурност кај општините
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Министерот Клековски информираше дека Град Скопје досега спровел вкупно 12 третмани (шест за возрасни комарци и шест ларвицидни третмани). Сепак, тој нагласи дека не може едноставно да се воспостави директна врска меѓу бројот на извршени прскања и бројот на заболени граѓани.
- Како позитивен пример за навремено дејствување е посочена Општина Илинден, каде активностите започнале уште во април.
- Наспроти тоа, во Студеничани немало дополнително општинско прскање, освен редовните активности што ги спроведува Град Скопје.
Надлежните предупредуваат дека особено внимание е потребно во Скопско Поле, каде ниската надморска височина, земјоделските површини, каналите и застојаната вода создаваат идеални услови за размножување на комарците. Поради епидемиолошки индикации, веќе се спроведени дополнителни активности во Драчево, Јурумлери, Стајковци и Сингелиќ.
Црн биланс: 35 заболени и 3 починати
Здравствените власти алармираат дека август и септември историски се месеци кога западнонилската треска може да го достигне својот пик.
Во Македонија досега се регистрирани 35 потврдени случаи на западнонилска треска. За жал, три лица починале, а шест пациенти во моментов се наоѓаат во критична состојба на одделенијата за интензивна нега.
Министерството за здравство паралелно најави и вонредна контрола на живината во погодените подрачја и упати силен апел до сите граѓани максимално да се заштитат од убоди, особено при престој во близина на места со застојана вода.


