
Германија во „црвено“: Итно се бараат 120.000 возачи на камиони, спас се гледа во работници надвор од ЕУ
Германскиот логистички сектор се соочува со драматичен колапс на работната сила. Според Сојузот на германските шпедитери (BGL), во моментов недостасуваат над 120.000 професионални возачи. Дирк Енгелхардт од BGL предупредува дека јазот незапирливо се шири: секоја година се пензионираат до 35.000 шофери, додека на пазарот влегуваат само 15.000 нови, што создава годишен дефицит кој е невозможно да се покрие со домашни ресурси.
Апел за полесни визи: Шанса за возачите од Балканот?
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден
Со оглед на тоа што 80% од стоката во Германија сè уште се превезува по патен сообраќај, шпедитерите вршат притисок врз политичарите да го олеснат издавањето на работни визи за возачи од земји што не се членки на ЕУ. Ова отвора директна можност за работниците од нашиот регион. Ситуацијата е толку критична што многу компании веќе одбиваат нарачки, а секој втор камион на германските патишта веќе има странски регистарски таблички.


