во

Бекамови со нова вила во Мајами за 80 милиони долари – Вистинска оаза на луксуз (видео)

Дејвид и Викторија Бекам не штедат кога станува збор за својот животен стил, и тоа го докажаа уште еднаш со новата импресивна вила во Мајами, која чини неверојатни 80 милиони долари.

Супер Попуст -25%

Според добро информирани извори, оваа најнова аквизиција ќе биде додадена на нивната веќе раскошна колекција луксузни домови. Сместена на брегот, вилата плени со својот модерен и минималистички дизајн, претворајќи се во мирна оаза, која е совршена за одмор.

Вилата, опкружена со убави тивки улички, изгледа како сцена од некој холивудски филм. Нуди приватност со големи затемнети стакла, трогаражен влез и зелена тераса што нуди неверојатен поглед кон океанот.

Со девет спални соби и 11 бањи, домот е вистинско кралство на простор. Внатрешноста е претежно во светли тонови, а мебелот и уметничките дела се внимателно избрани за да внесат елегантност и топлина. Покрај тоа, вилата располага со теретана, сауна и домашно кино, како и прекрасен базен и летна кујна во дворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Овој нов дом совршено се вклопува во новиот живот на Бекамови во Мајами, каде што Дејвид е и косопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами, дополнително зацврстувајќи ги неговите врски со градот и клубот.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Табела на идеална тежина: Колку килограми треба да има жена висока 170 см

Емотивна објава на Саша Поповиќ: „Среќен сум што те имам“