во , ,

Белгиски оператор случајно ги откри цените на новите Galaxy S21 телефони…

Белгискиот телекомуникациски оператор Voo случајно ги откри европските цени на трите нови телефони на Samsung од серијата Galaxy S21 кои допрва треба да бидат претставени и да пристигнат на пазарот.


Иако информациите беа за кратко време отстранети, сепак тие набрзо завршија на социјалните мрежи. На интернет страницата на белгискиот оператор беше наведено дека Galaxy S21 ќе чини 849 евра, цената на моделот S21 Plus ќе изнесува 1049 евра, додека моделот S21 Ultra ќе чини 1399 евра.

Треба да се напомене дека цените на уредите се без потпишување на договор, а се работи за верзии со основна интерна меморија од 128 GB.

Од јужнокорејски Samsung потврдија дека на 14-ти јануари ќе ги претстави новите телефони.

Навалица Ви препорачува

KICK IT Чорапи

1,050 ден.

Што мислиш?

19 Points
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кучето Кико стана интернет ѕвезда поради смешните пози на семејните фотографии

Вака од воздух изгледа огромниот кратер кој се отворил на паркингот на болницата во Неапол