
„ЕУ треба да се укине!“: Илон Маск со жесток контранапад откако Брисел му изрече казна од 120 милиони евра
Сопственикот на платформата „Икс“ (поранешен Твитер), Илон Маск, започна отворена вербална војна против Европската Унија откако Европската комисија одлучи да ја казни неговата компанија со високи 120 милиони евра (140 милиони долари). Маск, видно револтиран, на својот профил напиша дека „бирократијата на ЕУ полека ја задушува Европа до смрт“ и повика на радикален чекор – укинување на Унијата и враќање на суверенитетот на националните влади. Оваа негова објава е „закачена“ на врвот на неговиот профил, што јасно покажува дека тој овој судир го смета за приоритетен.
Зошто е казнет „Икс“ и поддршката од Марко Рубио
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Европската комисија ја образложи казната како пропорционална мерка за сериозни прекршувања на правилата за транспарентност. Конкретно, „Икс“ се товари за лажно авторизирање на профили преку сините ознаки (кои сега се купуваат, а не се заслужуваат), криење податоци од истражувачите и нетранспарентно означување на рекламите. Во одбрана на Маск застана и американскиот државен секретар Марко Рубио, кој ја оцени казната не само како напад врз „Икс“, туку како „напад врз сите американски технолошки платформи и американскиот народ од страна на странски влади“.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








