во , ,

Босанец изградил ротирачка куќа: “Жената не можеше да се одлучи за погледот, сега нека одбере”

Овој самоук човек со основно образование, како што вели за самиот себе, идејата ја добил уште во младите денови.

Вујин Кусиќ од Босна и Херцеговина изградил ротирачка куќа. Овој самоук човек со основно образование, како што вели за самиот себе, идејата ја добил уште во младите денови. Одлуката конечно да ја изгради ротирачката куќа паднала откако неговата сопруга постојано се премислувала околу распоредот внатре во куќата во која порано живееле.

“Кога ја правев семејната куќа, жената кажа: ‘Сакам спалната соба да биде покрај патот и да ме будат сончевите зраци’. Тогаш дневната соба одеше од другата страна, па тоа и здодеа. ‘Се чувствувам како затворена во кафез. Кога некој ќе ми влезе во дворот, не го гледам’, велеше таа. Тогаш го преградив ѕидот. Ја направив дневната соба од другата страна, па кујната, се – полни раце работа. Тогаш почнав да го правам ова. Кога ќе ме прашаа зошто, им велев дека ми здодеа. Жената сака малку од оваа, малку од онаа страна. Сега куќата се врти, па нека одбере како сака”, рекол Кусиќ за “Nova BH”.

Реклама

Куќата ја изградил во Србац, место во близина на хрватската граница. Според квалитетот на изградбата и изгледот оваа куќа не се разликува од обична куќа, а тоа што се врти, освен погледот, има и некои други предности, низ шега рекол нејзиниот сопственик.

“Со оглед на тоа дека и скалите се вртат заедно со куќата, кога гледате дека доаѓаат несакани гости, се вртите на другата страна”, се смее Војин Кусиќ.

Се потсетил и на една анегдота кога завршиле со изградбата на куќата.

“Кога завршивме, организиравме прослава, повикавме 30-40 луѓе. После забавата ја завртевме куќата на другата страна. Луѓето излегуваа и не знаеја на каде да одат”.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ГИНИСОВ РЕКОРД: Овој човек го има најголемиот нос во светот!

Преслатко: Бебе слонче ужива во првото бањање по спасувањето од заробеништво во Тајланд