во ,

ГИНИСОВ РЕКОРД: Овој човек го има најголемиот нос во светот!

Турчинот Мехмет Озјурек има најголем нос на светот.

Овој 71-годишник од Турција го собори овој рекорд во 2010 година кога гостуваше во италијанска ТВ емисија наречена „Lo Show dei Record“ со цел неговите димензии да бидат измерени од професионалци.

Бидејќи носот е еден од ретките делови на телото – заедно со ушите – што продолжува да расте со возраста, многу е веројатно дека мерењето 11 години подоцна ќе открие дека само го соборил сопствениот рекорд.

Сепак, Озјурек го нема најголемиот нос во историјата.

Според извештаите, Томас Ведерс, попознат како Томас Ведхаус, имал најголем нос досега.

Циркузант од Јоркшир, кој живеел во 18 век, наводно имал нос долг 19 сантиметри.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Човечката ДНК може да ги замени хард-дисковите во иднина

Босанец изградил ротирачка куќа: “Жената не можеше да се одлучи за погледот, сега нека одбере”