
Во објава на социјалните мрежи, Митева изрази неверување и огромно згрозување од ставовите кои Богојески ги изнесе во телевизиска дебата, оценувајќи ги како крајно понижувачки. Таа потенцираше дека релативизирањето на насилството во партнерските односи е исклучително опасно, заслужува најостра јавна осуда и не смее да се толерира во едно цивилизирано општество.
Жените не се сопственост на која ѝ треба надзор
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, Митева истакна дека нивната заложба под мотото „За една повеќе“ е насочена кон создавање вистински можности за жените слободно и самостојно да одлучуваат и да водат. Таа отвори и сериозна дилема за медиумите, прашувајќи дали и колку треба да се отстапува простор за изјави со кои директно се гази женското достоинство.
„Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.“
Скандалозното гостување и реакцијата на ЛДП
Оваа бура од реакции следува по гостувањето на Петар Богојески на телевизија Алфа, каде тој отворено зборуваше за феминизмот, брачните односи и улогата на мажот. Најголем револт предизвика неговиот став за неверството, каде за евентуалната агресивна реакција на мажот изјави: „Тоа неговото не е насилство. Неговото е реакција на заштита на неговото достоинство“. Претходно, остра реакција пристигна и од ЛДП, од каде експресно побараа премиерот, Владата и Министерството за одбрана јавно да се оградат од овие ставови.

