
Филипче истакна дека станува збор за проекти кои Владата ги турка нетранспарентно, додека земјоделците веќе се соочуваат со огромни потешкотии поради неисплатени субвенции и ниски откупни цени. Тој постави прашање дали огромните количества вода потребни за ладење на овие центри ќе ги остават земјоделските полиња без неопходно водоснабдување.
Ризици по енергетскиот сектор и животната средина
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Покрај прашањето за водата, лидерот на опозицијата предупреди и на масивната потрошувачка на електрична енергија од страна на дата-центрите, што според него може да предизвика поскапувања, дополнителен увоз и ограничување на идниот индустриски развој во околината. Особено беше потенцирано прашањето каде ќе завршува загреаната вода од овие постројки и какви разорни последици тоа може да има врз локалните реки и биодиверзитетот.
„Зарем не е легитимно прашањето што ќе се случи со капацитетот за водоснабдување на полињата кога ќе се изгради ваков центар, и што ќе прави Македонија со струјата која масовно ќе се троши за овие потреби?“


