во

Директни средби со граѓаните низ сите населени места: ВМРО-ДПМНЕ најави теренски активности до крајот на годината и трибини напролет

ВМРО-ДПМНЕ започнува теренски активности под слоганот „Очи в очи со народот“, при што партиското раководство ќе ги посети сите населени места за директни средби со граѓаните.

Интензивни посети на општинските комитети до крајот на годината

Како што информираат од партијата, до крајот на годината претседателот Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ почнуваат интензивни посети на општинските комитети. Од партијата оценуваат дека само преку директни средби може да се слушне реалната состојба на терен, бидејќи постојат работи што не можат да се согледаат од извештаи, статистики и состаноци зад затворени врати.

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

На средбите ќе се разговара за досега реализираното и за почитувањето на роковите, со цел да се слушне од граѓаните што функционира, а што не функционира, што според партијата е единствениот пат за подобро функционирање на надлежните и поголемо задоволство кај граѓаните.

Напролет продолжуваат трибините од село во село

Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека активностите нема да запрат тука, туку напролет ќе продолжат со трибини меѓу граѓаните – од село во село и од град во град, со цел обезбедување подобра иднина за секој граѓанин.

„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која смета дека напредокот мора да се види во реалноста, бидејќи нема доверба без почит, нема подобро без работа што може да се измери“, се наведува во соопштението на партијата.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Собраниска дебата за Извештајот на Европската комисија за 2026 година: Фокус на Реформската агенда и Планот за раст

Левица со тешки обвинувања: Дали и во Кавадарци се прикрива насилство од поединци во МВР?