
Прашања за принудната управа и продажбата
Во соопштението на СДСМ се потсетува дека гувернерот Трајко Славески изјавил оти сè е во ред, а веќе следниот ден вовел принудна управа. Од партијата прават паралела и со случувањата во соседна Србија, наведувајќи дека таму Народната банка исто така уверувала дека сè е во ред, по што истата вечер ја одзела дозволата, банката отишла во стечај, Алта лизинг останал без дозвола за работа, а Мацура завршил во притвор.
Од опозициската партија прашуваат зошто, доколку банката била во одлична форма, сега се брза со нејзина продажба дури и под пазарната вредност, како и зошто, според нив, се кријат сметките и трансакциите.
Барање за одговорност
Според тврдењата на СДСМ, станува збор за сериозен проблем бидејќи во банката се наоѓаат парите на граѓаните и на јавните претпријатија. Од партијата обвинија дека премиерот Мицкоски и гувернерот Славески ќе мора да сносат одговорност за целиот случај.
„Ако банката е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува? Зошто се брза со продажба па дури и под пазарната вредност? Зошто се кријат сметките и трансакциите?“, прашуваат од СДСМ.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден







