
Критики за најавата дека МОН ќе чека судска одлука
Во соопштението на Левица се наведува дека министерката Јаневска во телевизиско гостување практично најавила оти Министерството за образование и наука (МОН) ќе продолжи да ја игнорира законската обврска за усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата сè додека судот не го принуди да постапи. Од партијата оценуваат дека власта свесно го претвора непочитувањето на законот во инструмент за штедење на грбот на студентите, принудувајќи ги да водат судски битки за права што законски им следуваат.
Од Левица го отфрлаат образложението на министерката дека во законот не било прецизирано кој треба да го изврши усогласувањето, посочувајќи дека членот 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк изречно предвидува усогласување на износот со инфлациската стапка по секоја фискална година пред донесувањето на Буџетот, додека членовите 3 и 13-а го задолжуваат токму МОН за надзор над спроведувањето на законот.
Тужба до Управниот суд и нов амандман за Буџетот за 2027 година
Од партијата потсетуваат дека уште во септември предложиле законски измени за зголемување на субвенционираниот студентски оброк, а поднеле и амандман кон ребалансот на Буџетот за 2026 година, но двата предлога биле одбиени од парламентарното мнозинство. Поради непостапувањето на МОН, Левица поднела тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител.
Дополнително, од партијата информираат дека повторно поднеле амандман за зголемување на студентскиот оброк кон Предлог-буџетот за 2027 година и најавуваат нов предлог за законски измени, повикувајќи го мнозинството да ги прифати.
„Студентите не се должни да го финансираат буџетскиот комодитет на власта со сопствениот глад, ниту да чекаат судска пресуда за да добијат пристоен оброк. Доволно долго ДПМНЕ штеди на студентската трпеза, а расипнички се однесува со државната каса“, се наведува во соопштението на партијата Левица.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден







