
Премиерот Христијан Мицкоски објави видео по повод 35 години од независноста на Македонија, во кое се прикажани дел од најзначајните моменти и личности од поновата историја на државата.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
„Силно светнал ден! 35 години независност“, напиша Мицкоски во објавата на Фејсбук.
Игор Џамбазов во центарот на видеото
Главниот лик во видеото е Игор Џамбазов, а преку неговото присуство се поврзуваат различни моменти од 35-годишната историја на независна Македонија.
Кадрите се фокусираат на личности, настани и симболи кои оставиле белег во изминатите децении, со нагласена емотивна и патриотска порака.
Видеото масовно се споделува
По објавувањето, видеото почна брзо да се шири низ социјалните мрежи. Голем број корисници го споделуваат со пораки за гордост, припадност и емоции поврзани со Македонија.
Меѓу реакциите има и коментари од граѓани кои велат дека видеото ги потсетило на позитивните страни и вредностите на македонското општество.
„Искрено, солзи ми течат додека го гледам“
„Кој и да го направил овој видеозапис, конечно го прикажа вредното во човекот. Искрено, солзи ми течат гледајќи го“, стои во еден од коментарите под видеото.
Авторот на коментарот додава дека, според него, Македонците често се насочени кон критики, а ова видео покажува дека постои и друга, позитивна страна на приказната – онаа на која луѓето можат да бидат горди.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








