
Видео кое покажува како навивачи на Чикаго Берс отвораат газиран сок кој веднаш се претвора во лед, стана вирален хит со над 7 милиони прегледи за само 24 часа.
Сцената се одигра на стадионот „Солџер филд“, каде смеата на навивачите се слуша додека течноста се згуснува и замрзнува пред нивните очи веднаш по отворањето на лименката.
Супер Попуст -25%
-
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден
Официјалните податоци од клубот потврдуваат дека условите биле сурови. Иако температурата на почетокот на натпреварот изнесувала -13 степени Целзиусови, поради силниот и леден ветер, субјективното чувство на студ паднало на речиси -20 степени, што сепак не ги спречило верните фанови да останат на трибините.


