во ,

ВИСТИНСКО ЧУДО ВО ФРАНЦИЈА: Деца (3 и 10) скокнаа од запалена зграда, соседите ги фатија на раце!

Две момчиња на возраст од 10 и 3 години скокнаа од прозорец на запалена зграда во Гренобл, Франција, за да се спасат од сигурна смрт, а долу ги пречекаа храбрите соседи.

Драматичната снимка што се појави на социјалните мрежи го покажува моментот кога децата, немајќи друг излез, скокаат во прегратките на група граѓани собрани под зградата. Бидејќи падот од таа висина достигнува брзина од речиси 50 километри на час, спасувачите претрпеа повреди, вклучително и скршени раце, но успеаја да ги спасат животите на децата.

Хероите завршија во болница: „Им рековме да скокнат“

Супер Попуст -25%

Атумани Валид (25), студент кој се здобил со скршен зглоб, раскажува дека слушнал вресоци и итрчал со соседите. Бидејќи не можеле да ја скршат вратата од станот зафатен со пламен, им довикнале на децата да скокнат. Момчињата се хоспитализирани заедно со уште 17 станари, а четири од лицата кои ги фатиле децата исто така завршиле на преглед во болница.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Дизниленд“ на духови: Турското село со 700 напуштени замоци изгледа морничаво

Кражба како од „Сам дома“: Го качил дрвениот војник од 2 метри на велосипед и избегал!