
Според соопштението од владејачката партија, зад актуелната иницијатива за отворање дата центар во Пехчево стои поранешниот пратеник на СДС од периодот меѓу 2002 и 2006 година, Драги Ѓорѓиев. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Ѓорѓиев е само директна испостава на Зоран Заев и Венко Филипче кои зад кулисите се обидуваат да ги остварат своите бизнис-интереси.
Лицемерие во јавните настапи и строги стандарди за градба
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Од владејачката партија истакнуваат дека додека Филипче во јавноста води наводна кампања против овие проекти и пушта „пробни балони“, неговите блиски соработници тајно поднесуваат иницијативи и бркаат дозволи. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува дециден: дата центри се потребни, но тие мора да биде градени по најстроги стандарди, исклучиво надвор од населените места, со јасен економски и општествен бенефит за локалната заедница.
„Кадрите на СДС прават сè спротивно на интересите на граѓаните. Следен пат кога Филипче ќе пушта пробни балони и ќе крои политика од јахта, нека им каже на неговите пајташи какви бизниси се обидуваат да ротираат.“


