во

ВМРО-ДПМНЕ со жесток напад: Тие што го сменија името за да ја „омажат“ Македонија во богата фамилија, сега глумат патриоти!

Урнебесна иронија е кога оние кои ги направија најголемите национални предавства и го сменија името, сега се обидуваат да глумат заштитници на државата. Со оваа порака владејачката ВМРО-ДПМНЕ упати остри критики кон опозициската СДСМ и нејзиниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги за лицемерие и опструкција на развојот.

Распродажба на државата за станови во Дубаи

Од владејачката партија потсетуваат на периодот кога раководството на СДСМ ги убедуваше граѓаните дека со промената на уставното име, Македонија ќе се „омажи во богата фамилија“ и ќе стане членка на ЕУ. Наместо тоа, велат од ВМРО-ДПМНЕ, единствените што дебело профитирале од распродажбата на националните интереси се Венко Филипче и Зоран Заев.

Супер Попуст -25%

Според партиското соопштение, додека државата се пљачкала, а граѓаните осиромашувале, челниците на СДСМ се стекнале со златни визи, милионски инвестиции во висококатници, станови во Дубаи, фирми во Бугарија и јахти во Грција. Наспроти нивното лично богатење, граѓаните добиле само „руинирано здравство, провизии за вакцини и наместени тендери за модуларни болници“.

Марихуана економија и двојни стандарди

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува опозицијата дека свесно ликува на секој можен застој на државата и се противи на новите стратешки инвестиции кои треба да донесат економски развој и нови работни места.

„Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата-центри, затоа што признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис, наменети исклучиво за блиските до струмичкиот клан.“

Во соопштението не изостанаа ниту критиките за личните двојни стандарди на опозицискиот лидер. „На Филипче му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи дека граѓаните го гледаат ова лицемерие и токму затоа СДСМ засекогаш ќе остане „минорна опозиција пред исчезнување“.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Драма во Црна Гора: Автобус со околу 90 ученици удри во карпа, возачот е уапсен

СДСМ обвинува: Нивата поскапе, откупот поевтини – земјоделците го плаќаат луксузот на власта!