во

Временска прогноза: Облачно со повремен дожд, на повисоките планини слаб снег

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини се очекува и слаб снег.

Дожд, засилен ветер и температури до 19 степени

Низ целата држава ќе дува умерен, а на места долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 1 до 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне од 11 до 19 Целзиусови степени.

Супер Попуст -25%

Во Скопје и околината се очекува слично време – променливо облачно со повремен дожд и умерен, а во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Утринската температура во главниот град ќе се спушти до 6 степени, додека дневната ќе се искачи до 16 степени.

Сончево и стабилно време за викендот

Иако денешниот ден носи врнежи, во деновите од претстојниот викенд и на почетокот на новата седмица, синоптичарите најавуваат стабилизирање на временските прилики. Ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Илон Маск со остра порака: „Време е Зеленски да си оди!“

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 16 ОКТОМВРИ: Ракот има амбициозни планови, Девицата мора да успори, додека Јарецот е преморен