
Српскиот претседател Александар Вучиќ откри сензационално сценарио според кое Македонија, заедно со Србија и Босна и Херцеговина, би можела експресно да влезе во Европската Унија веќе на 1 јануари 2027 година.
Гостувајќи во Федералната телевизија на БиХ, Вучиќ објасни дека во дипломатските кругови се разработува специјален модел поврзан со крајот на војната во Украина. Според овој план, Киев би добил членство по итна постапка како дел од мировниот договор, а српскиот претседател тврди дека лично лобирал во овој „пакет“ да влезат и земјите од Западен Балкан.
„Се борев за Македонија исто колку и за Србија“
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Вучиќ истакна дека ова е историска шанса која не смее да се пропушти, бидејќи влезот во Унијата (или во некаква форма на „полу-европска Унија“) ќе ги направи границите на Балканот потполно неважни.
„За тоа се борев. Не само за Србија, туку и за Босна и Херцеговина и Македонија“, дециден беше Вучиќ.
Според неговата проекција, доколку овој геополитички план успее, регионот би можел да стане дел од европското семејство за помалку од една година, што претставува драстично забрзување на евроинтеграцискиот процес кој со децении е во застој.
-
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден








