во ,

Мицкоски пресече: Подготвен сум владата да падне само да се стави ред во сообраќајот

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва испрати досега најсилна и најдраматична порака за проектот „Безбеден град“, нагласувајќи дека е подготвен да ја жртвува дури и Владата само за да се воведе ред во сообраќајниот хаос.

Во гостувањето на ТВ21, претседателот на Владата беше дециден дека политичката цена и рејтингот не му се важни кога на другата страна на вагата се ставени човечките животи. Тој одговори на критиките дека системот е направен за полнење на буџетот, тврдејќи дека единствената цел е превенција.

Супер Попуст -25%

„Ако треба оваа влада да падне за Сејф Сити, а потоа да дојде друга влада и да го укине, и да вози кој како си сака, тогаш во ред, подготвен сум тој ризик да го понесам“, изјави Мицкоски.

Има толеранција: За 5 км/ч нема казна

Мицкоски откри и важен технички детал што ги интересира сите возачи – системот нема да биде крут. Тој појасни дека постои праг на толеранција.

„Како прво има толеранција, ако се вози 5 километри повеќе, нема да има казни. Но, ако возите повеќе од 10 километри над дозволеното, ќе бидете казнети“, појасни премиерот.

Според него, поентата е да се делува едукативно врз возачите, а не репресивно, бидејќи само така ќе се намали црната статистика на патиштата низ Македонија.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ со оптимистичка најава: Се борев Македонија и БиХ да станат членки на ЕУ од 1 јануари 2027

Трендафилов ги повика сите на улица: Денеска работниците зборуваат, а владата мора конечно да ги слушне