во ,

Трендафилов ги повика сите на улица: Денеска работниците зборуваат, а владата мора конечно да ги слушне

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, утрово упати драматичен повик до сите работници масовно да излезат на улица и да се приклучат на денешниот голем протест за повисоки плати.

Во пресрет на собирот закажан за попладнево, првиот синдикалец во изјава за медиумите порача дека времето на чекање заврши и дека денеска „работниците зборуваат“. Тој директно ја прозва Владата, обвинувајќи ја дека цела година ги игнорира барањата за достоинствен живот во, како што рече, „најсиромашната држава“.

Супер Попуст -25%

„Ги повикувам работниците да покажеме слога, да застанеме рамо до рамо во борбата за поголеми плати. Почнуваме од домот на работници и завршуваме пред Владата која одбива да ги зголеми работничките примања“, изјави Трендафилов.

Маршута на протестот: Блокада на центарот од 17 часот

Протестниот марш започнува точно во 17:00 часот пред зградата на ССМ. Работниците ќе се движат кон Собранието, потоа ќе застанат пред Сојузот на стопански комори, а финалниот собир и читањето на барањата ќе се случат пред зградата на Владата на Република Македонија.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мицкоски пресече: Подготвен сум владата да падне само да се стави ред во сообраќајот

Левица удри по Мицкоски: „Носиш џемпери од 2.000 евра, а барањата на сиромашните ти се ’политичка агенда‘“