
Покана од Кошта и формат на самитот во Брисел
Поканата за претстојниот собир ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во фокусот на самитот ќе бидат европските интеграции на земјите од регионот, безбедносната соработка, дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и актуелната геополитичка состојба.
Европската Унија на средбата со регионалните лидери ќе ја претставуваат Антонио Кошта и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додека шефовите на држави и влади на земјите членки нема да учествуваат поради претходно закажан специјален самит следниот ден. Кошта на социјалната мрежа „Икс“ информираше дека во телефонски разговор му го честитал изборот на Чупиќ и изразил очекување наскоро да го пречека во Брисел на средба во живо.
Разговори за реформите и приоритетите на новото раководство
Во меѓувреме, Чупиќ оствари средба со вршителот на должноста шеф на Делегацијата на ЕУ во Србија, Џулијан Васало, на која присуствувале и претставници на Студентското движење. Главни теми биле европскиот пат на Србија, улогата на Народното собрание во реформите и напредокот во преговарачките поглавја 23 и 24, со посебен акцент на владеењето на правото, независноста на правосудството и слободата на медиумите.
Договорени се и дополнителни технички разговори во областите на образованието, енергетиката и животната средина. И покрај отсуството од самитот во Брисел, Чупиќ порачал дека соработката со Европската Унија и суштинските реформи остануваат меѓу највисоките приоритети на новото српско раководство.
„Србија е дел од европското семејство. Сакаме да чекориме рамо до рамо со српскиот народ на неговиот пат кон европската иднина. Со нетрпение очекувам наскоро да го пречекам во Брисел на средба во живо“, напиша претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на социјалната мрежа „Икс“.
-
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v3
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден






