во ,

Газдата на еден кафич бил толку сигурен дека неговиот шанкер е најсилниот човек во градот…

Газдата на еден кафич бил толку сигурен дека неговиот шанкер е најсилниот човек во градот, што понудил 1000 евра на секој кој ќе успее да исцеди барем една капка сок од лимон кој најпрво шанкерот со раце ќе го исцеди.

Реклама

Со месеци пробувале какви се не билдери, мајстори, фраери, ама никој не успеал. Еден ден доаѓа некое ситно човече во кафичов и бара да си ја проба среќата.

Целиов кафич рикнал да се смее, арно ама решиле да му дадат да се обиде.

Го исцедил лимонот шанкерот и згужваната кора му ја дал на малиот.

Човеков го зема лимонот го стиснува и од него цеди цели 6 капки. Сите зачудени го прашуваат:

– Добро бе човек, што работиш ти, ковач си, ѕидар???

– Не бе, работам во даночно.


Супер Акција: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маж стои во ред во супермаркет, зад него стои русокоса и му се смешка….

Одат по улица мајката и малиот син. Го среќаваат комшијата…