во

Гените не се вода: Сестрата на Игор Џамбазов доаѓа од Силиконската долина со моќна порака во Битола!

По 25 години на врвот во глобалната технолошка индустрија во Америка, Татјана Џамбазова, родената сестра на Игор Џамбазов, се враќа во Македонија како главен говорник на настан во Битола.

Додека нејзиниот брат стана апсолутен крал на македонската естрада, таа замина во светот и изгради кариера каква што овие простори ретко паметат. Внуката на легендарниот Петре Прличко и ќерка на маестро Александар и Анче Џамбазова, денес е брилијантен меѓународен технолошки визионер во Силиконската долина.

Технологијата како клуч за иднината

Супер Попуст -25%

Овој месец, Татјана пристигнува во Битола со моќна порака. Пред македонската јавност таа ќе открие како модерната технологија на новата ера целосно ќе ги промени правилата на игра во просторното планирање. Нејзиното излагање ќе даде инспиративен поглед кон креирањето на иднината преку призмата на најновите глобални иновации.

Игор Џамбазов веднаш јавно ја поддржа својата сестра, гордо истакнувајќи го неверојатниот меѓународен успех кој таа го постигна како моќна Македонка во светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нов пресврт во истрагата за масакрот во Полска: Обвинителството го истражува крвавиот напад во Краков како можен акт на тероризам