во ,

Голем пожар во Атика: Наредена евакуација, речиси 200 пожарникари на терен

Голем пожар избувна во источниот дел на Атика, а грчките власти веќе наредија евакуација на дел од населението додека стотици пожарникари се обидуваат да го стават огнот под контрола.

Голем пожар избувна утрово во областа Куварас, во источна Атика, поширокиот регион на Атина, поради што грчките власти испратија предупредување и наредба за евакуација до населението во близина.

Супер Попуст -25%

Во гаснењето се вклучени и пожарникари од Франција и Романија, распоредени во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита.

Речиси 200 пожарникари на терен

Пожарот зафатил ниска вегетација, а на терен интервенираат 197 пожарникари, седум пешадиски тимови и 42 возила.

Меѓу нив се и 23 пожарникари со четири возила од Франција, како и 24 пожарникари со пет возила од Романија.

Во акцијата помагаат и волонтери и општински цистерни, додека од воздух се вклучени два авиона и седум хеликоптери, од кои еден е наменет за координација.

Пожарот се следи и со дрон

Националниот координативен центар за операции и управување со кризи ја следи состојбата и со помош на дрон опремен со термална и оптичка камера.

Областа денеска е ставена во категоријата со многу висок ризик од пожари, според грчкото Министерство за климатска криза и цивилна заштита.

Испратена порака за евакуација преку 112

Само десетина минути по избувнувањето на пожарот, преку бројот 112 била испратена првата порака за предупредување до лицата во непосредна близина на огнената стихија.

Во 8:30 часот следувала и втора порака, со која била наредена евакуација на жителите од едно населено место, додека пожарникарите продолжуваат со интервенцијата.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вучиќ со мрачно предупредување: „На почетокот сме на поголема војна“

Грчките цариници пресекоа шверц: Запленети 1.296 боци нелегален фреон