во ,

Грчките цариници пресекоа шверц: Запленети 1.296 боци нелегален фреон

Грчките цариници пресекоа два обиди за шверц на забранети разладни гасови – во камиони поврзани со Македонија и Турција биле откриени вкупно 1.296 боци фреон.

Грчките царински служби на Независната управа за јавни приходи – ААДЕ заплениле вкупно 1.296 боци нелегален фреон при контрола на два камиона на граничните премини Дојран и Кипи.

Супер Попуст -25%

Според информациите, избегнатите царини и даноци во двата случаи се проценуваат на повеќе од 338.000 евра.

Двојна преграда откриена кај Дојран

На граничниот премин Дојран, во раните утрински часови, цариниците провериле товарен контејнер со македонски регистарски таблички кој бил пријавен како празен.

При контролата била откриена специјално изработена двојна преграда, во која биле сокриени 296 боци разладна течност од типот R134a.

Според проценките, избегнатите давачки и даноци за оваа пратка изнесувале околу 55.000 евра.

Уште 1.000 боци откриени кај турската граница

Речиси истовремено, на граничниот премин Кипи кон Турција, цариниците пронашле уште 1.000 боци фреон од типот R404A.

Товарот бил сокриен под редовно пријавена пратка од гипс-картонски плочи во камион со турски регистарски таблички.

Пазарната вредност на нелегалниот товар од Турција се проценува на 884.400 евра, додека избегнатите давачки достигнуваат дополнителни 283.538 евра.

Запленети и возилата

Увозот на овие разладни гасови во Европската Унија е строго ограничен, а контролите се засилени и поради мерките за сузбивање на шверцот и заштита на животната средина.

Од ААДЕ соопштија дека целосно се запленети нелегалниот фреон и возилата, а против одговорните лица се поведени соодветни законски постапки.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голем пожар во Атика: Наредена евакуација, речиси 200 пожарникари на терен

Вучиќ со неочекувана најава за Косово: Србија го разгледува текот на Ибар