
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека животот на српското население на Косово е „ужасно тежок“ и дека Белград прави сè што може за да ја олесни нивната положба.
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Одговарајќи на прашање поврзано со посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград, Вучиќ рече дека добро ги познава условите на терен и проблемите со кои, според него, секојдневно се соочуваат Србите.
„Дали е опција да војуваме со НАТО?“
Вучиќ ги повика оние кои се претставуваат како заштитници на интересите на српското население да понудат конкретно решение за ситуацијата.
„Дали е опција за нас во овој момент да војуваме со НАТО? Не мислам така. Правиме сè што можеме за да им го олесниме животот на нашите луѓе, што е ужасно тешко“, изјави српскиот претседател.
Србија разгледува промена на водотекот на Ибар
Најголемо внимание привлече изјавата на Вучиќ дека Србија веќе ангажира експерти од градежниот сектор и инженери за да ја разгледа можноста за промена на водотекот на реката Ибар.
„Кога толку многу го малтретираат нашиот народ, да видиме, имаме различни причини за промена на текот на Ибар, па ќе видиме што ќе прават Албанците и како ќе се однесуваат“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека Србија е суверена држава и дека, според него, има право да ги разгледува своите интереси и да постапува во согласност со нив.
Порака и до критичарите во Србија
Вучиќ упати критики и кон оние кои, како што рече, лесно зборуваат за патриотизам, но не нудат конкретен одговор за тоа како Србија треба да постапи.
Според него, патриотските ставови сами по себе не се доволни доколку зад нив нема реално и применливо решение за положбата на српското население на Косово.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








