
Огромен пожар во нафтениот комплекс
Гувернерот на Краснодарскиот регион, Венијамин Кондратјев, потврди дека дронови го нападнале Северскиот округ каде што е сместена стратешката рафинерија. Во нападот има загинати, додека едно лице со тешки телесни повреди било итно хоспитализирано. Делови од соборените летала оштетиле станбена зграда, а пожари избувнале во најмалку два објекта во округот.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Според рускиот независен медиум „АСТРА“, повикувајќи се на видеа и сведоштва од очевидци, пламените јазици директно го зафатиле самиот производствен комплекс „Иљски“. Оваа рафинерија, со капацитет од околу 6,6 милиони тони гориво годишно, претставува една од најголемите во јужна Русија и досега била цел на напади најмалку 16 пати од почетокот на војната.
Паралелен удар и повредени во Ростовската област
Речиси истовремено, бран од украински дронови ја погоди и соседната Ростовска област. Според регионалниот гувернер Јуриј Сљусар, руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала, но остатоците предизвикале сериозни штети и цивилни жртви.
„Во Ростовската област се повредени пет цивили – едно лице во Таганрог и четири во градот Азов, меѓу кои и едно дете. Сите настрадани се пренесени во болница. Во Азов се оштетени повеќекатници, приватни куќи, индустриски капацитети, училиште и дом на културата“, соопштија локалните власти.
Краснодарскиот регион и Ростовската област, кои се протегаат долж руското црноморско и азовско крајбрежје, во изминатите месеци се меѓу најчестите мети на напади со беспилотни летала со долг дострел насочени кон руската енергетска и транспортна инфраструктура.
-
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден








