
Тортура за време на испитувањето и лажни тврдења за природна смрт
Далибор Драгијевиќ беше приведен во Полициската управа во Бор во април 2024 година, за време на интензивната истрага за исчезнувањето и убиството на малолетната Данка Илиќ. Иако полицијата тогаш неофицијално тврдеше дека тој починал од природна смрт, комплетниот обдукциски наод утврди дека смртта настапила како директна последица на физичко насилство и тортура претрпена за време на сослушувањето во ноќта меѓу 6 и 7 април.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Меѓу уапсените лица се четворица припадници на Единицата за обезбедување одредени лица и објекти (во времето на настанот членови на Управата за криминалистичка полиција) како и уште четворица полициски службеници. Обвинителството потенцираше дека претходно биле издавани наредби за нивно приведување, но Секторот за внатрешна контрола при МВР на Србија одбивал да постапи.
Широки чистки во полициските структури по изборите
Ова апсење доаѓа во рамките на бран приведувања што ја потресува Србија по неодамнешните парламентарни избори. Во изминатите денови беа уапсени и десет полицајци за прекумерна сила врз притвореници за време на минатогодишните протести во Белград, како и началникот на Управата за криминалистичка полиција, Марко Кричак.
Случајот со Данка Илиќ, која исчезна на 26 март 2024 година, сè уште нема правна епилог, а нејзиното тело останува неоткриено, додека новите политички структури и Студентската листа бараат итна одговорност и темелна ревизија на безбедносните институции.
„Осум припадници на српската полиција се уапсени под сомнение дека со тортура и нанесување тешки телесни повреди ја предизвикале смртта на Далибор Драгијевиќ…“


