во , ,

Господине, возевте 140 Km/h, а дозволено е 100…

Сообраќаен полицаец запира автомобил заради брзо возење.

– Господине, возевте 140 Km/h, а дозволено е 100. Возачот почнал да се брани:


– Па, не знам баш дали беше така. Јас го програмирав автомобилот на “cruise control” за да возам 100 Km/h. Можеби вам радарот не ви е скоро атестиран?

Без да го дигне погледот, жена му која седи покрај него рекла:
– Не биди луд душо, па знаеш дека нашава кола нема “cruise control”.

Додека полицаецот ја пишувал казната, возачот се врти кон жена си и и’ се дере:
– Можеш ли ти некогаш да си го држиш јазикот во уста?

Жената се насмевнала и му рекла:
– Можеш да бидеш среќен што “радарот детектор“ те опомена на време па од 200 намали на 140 Km/h.”

Тогаш полицаецот почнал да му пишува и друга казна заради илегално поседување на радар детектор, а возачот и се дере на жена си:
– Проклета жено, заќути!

Полицаецот продолжува и му вика:
– А, ќе морам и да ве казнам затоа што не носите сигурносен појас додека возите.

Сега возачот почнал да се правда:
– Видете господине полицаец, јас носев појас, но го извадив кога ме сопревте за да ја извадам возачката од задниот џеб на панталоните.

На тоа неговата жена:
– Драги, знаеш и самиот дека не носиш појас никогаш додека возиш!

И додека полицаецот почнал да ја пишува и третата казна возачот дивјачки и се развикал на жена си:
– АМАН ВЕЌЕ ЕДНАШ ЗАМОЛЧИ!!!

Полицаецот ја погледнал жената и ја прашува:
– Госпоѓо, дали вашиот сопруг секогаш вака разговара со вас?

А, жената на тоа:
– Не секогаш господине, само кога пие алкохол

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Да се превртиш онолку пати, колку што ме изневери…

Бобан Илиоски стана светски шампион во кик-бокс