во , ,

Грчките острови какви што досега не сте ги виделе: Крит и Кикладските острови фотографирани од вселената – “како на дланка“

Неверојатни фотографии пристигнале од Меѓународната вселенска станица и ги обиколиле социјалните мрежи, а корисниците се воодушевени.

Неверојатен увид во тоа како всушност од вселената изгледаат островот Крит и Кикладските острови, а ни ги даде италијанскиот астронаут кој ја фотографирал оваа сцена од Меѓународната вселенска станица.

Лука Пармитано, астронаут и механичар, ја фотографирал оваа неверојатна сцена и ја споделил фотографијата на социјалните мрежи.

„Сјајот на сонцето конечно ја открива разликата помеѓу земјата и морето“ – напишал и ја споеделил фотографијата која го воодушевила светот.

Иако многу се оддалечени едни од други, грчките острови набљудувани од вселената изгледаат како да се многу блиску, односно како на чекор еден од друг.

На фотографијата која е споделувана неколку илјади пати, може да се види и кои од островите се фотографирани.

Што мислиш?

6 поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Топ 10 Најпиратирани филмови на неделата

Тажни фотографии го обиколија светот – Викториините водопади пресушија, а тамошните жители велат дека ваква сцена гледаат првпат во нивните животи