
По долги 26 години, Дарио повторно ќе настапи на сцената на Макфест, овој пат на втората вечер на 26 октомври, на 39-тото издание на фестивалот што ќе се одржи во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Заедно со него, на фестивалот ќе настапат и други познати имиња, меѓу кои и Дани Димитровска, која исто така се враќа по долгогодишна пауза. Павле Камиловски, пак, ќе го има својот прв настап на Макфест.
-
Петок
699 ден
524.25 ден
Оваа година, фестивалот се фокусира на промоција на песни со различни забавни жанрови, со цел да привлече поширока публика и да создаде музика која ќе биде запаметена и испеана. Роберт Саздов, уметничкиот директор на фестивалот, истакна дека не станува збор само за создавање хитови, туку за мелодии со трајна вредност.
Според продуцентот Јован Јованов, овогодишната селекција е рекордна, со 76 пријавени песни, што е најголем број досега. Особено е значајно учеството на голем број млади музичари и дебитанти, како и поранешни победници на регионални натпревари.
Фестивалот, и оваа година, ќе биде ревијален и нема да доделува парични награди, а единствената награда ќе биде за најслушаната песна меѓу двата фестивала. Водители на настанот се Димитар Атанасовски и Маријана Станојковска.


